Утрински Весник
Македонија

Пожарот на Галичица се шири кон Стење, се слушаат експлозии

Viber Image 2024 08 09 17 44 46 652.jpg

Пожарот на планината Галичица е активен на страната према Ресен и се шири накај селото Стење, Ресен.

Според известувањето на ресенската противпожарна бригада, се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства.

Во текот на денот имало екипа од 12 лица од (НП Галичица, доброволци), информираа од Центарот за управување со кризи.

Според  последните информации нов пожар избил на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на сeлото Полог (Општина Новаци).  Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникара и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ Битола. Во 23.00 часот дополнително биле испратени 3 пожарникари со 1 ПП возило во Скочивир, додека во 04.40 часот 2 пожарникара со 1 ПП возило кај Манастирот во с.Сливица. ЈП НШ се повлекле од терен во 18:00 часот и истите ќе бидат ангажирани во раните утрински часови.

Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18.00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на охридската страна, направени се заштитни појаси со машина од ЈП НШ.

Во Општина Македонски Брод, пожарот кај с.Тажево кон с.Брезница е активен. На терен во текот на денот интервенирале ТППЕ Македонски Брод, 40 припадници на Унгарските специјални сили и 25 лица од Специјалните сили на МВР. Се интервенираше и до воздух со 1 хеликоптер и 6 „ер трактори“.

Во Општина Кичево, пожарот штона ден 07.08.2024 година започна кај с.Челопеци се прошири кон с.Бигор Доленци е активен и истиот е на тешко пристапен терен. Во текот на денот интервенирале 3 вработени во ЈП НШ „Лопушник“ Кичево и 50 војници од Армијата. Исто така во попладневните часови интервенираше и воздухоплов на Армијата.

Во Општина Струга од околу 14.10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај с.Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума. Интервенирале со 3 пожарникари и 1 ПП возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а сеуште гори депонијата во с.Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, во 22.49 часот добиена е пријава за пожар. Од страна на РЦУК Скопје известени се БППЗ на град Скопје, ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ од Скопје и лицето за контакт од ЕЛС Сарај. Од страна на комунален инспектор од ЕЛС Сарај добиле информација дека пожарот е во околината над односно зад с.Ласкарце накај с.Паничари и дека таму нема да може да интервенира ТППЕ, туку би требало да се интервенира од воздух. Утрово известуваат дека БППЗ немаат информација дали пожарот е активен, додека од Општина Сарај не можат да ги добијат за комуникација, за да се провери информацијата дали овој пожар е активен.

Можете да прочитате

Приведени српски и албански државјани по расправија пред ноќен клуб во Охрид

Приведени две лица кои се барале по потерница

ЦЕЛИОТ БАЛКАН ЌЕ БИДЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН “ЛУЦИФЕР”: Температурите ќе пораснат на 42 степени