Утрински Весник
Македонија

Меѓународна научна конференција за албанскиот јазик во ноември во Битола

20240809085541 Big 730x400 97.webp.webp

Академијата на науките на Албанија упати покана за учество со научен придонес на Меѓународната научна конференција „Развој на националното образование и албанскиот јазик”, јави албанската државна агенција – АТА.

– Конференцијата ќе се одржи во ноември во Музејот на албанската азбука во Битола, Северна Македонија. Предлозите може да се испратат директно на адресата на научно-организацискиот комитет или Академијата на науките, кои ќе ги поддржат учесниците на конференцијата, наведува Агенцијата.

Оваа конференција е планирана како дел од “настаните за одбележување на годишнината од историскиот Конгрес во Битола и официјалниот празник на албанскиот јазик во Северна Македонија”.

Во деновите на конференцијата, Академијата на науките за првпат (во Тирана) ќе го претстави резултатот од обемниот научен проект „Големиот албански речник“.

– 2024 година во Албанија е прогласена за „Година на албанскиот јазик“, а 22 ноември, последниот ден од Конгресот во Битола, е прогласен за официјален албански празник, наведува АТА.

Додава дека Академијата на науките на Албанија е коорганизатор на конференцијата. Во улога на домаќини и главни организатори се Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија и Агенцијата за имплементација на јазикот со учество на неколку универзитети од Албанија и Северна Македонија.

Инаку, Конгресот во Битола бил одржан од 14 до 22 ноември 1908 година, со цел да се стандардизира албанската азбука а 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука. 

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!