Утрински Весник
Свет

Голем напад со украински дронови врз руската област Липецк, гори база на руските ВВС

20240809062556 Big 730x400 9.webp.webp

Воена воздухопловна база гори во руската област Липецк, на речиси 300 километри од границата со Украина, во област погодена синоќа од напади со украински беспилотни летала, јавија руските медиуми.

„Пожар избувна на воениот аеродром во областа Липецк“, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби, без да прецизираат дали пожарот бил предизвикан од украинскиот напад.

Синоќа се случи „голем“ напад со беспилотни летала во областа Липецк, која не се граничи со Украина, при што  е оштетена електрана, изјави претходно регионалниот гувернер.

 „Липецк е подложен на голем напад со дронови“, напиша гувернерот Игор Артамонов во Телеграм. „Енергетската инфраструктура е оштетена“, што доведе до прекин на електричната енергија, додаде гувернерот во ново соопштение, додавајќи дека напојувањето е вратено во повеќето од погодените домови.

Артамонов прогласи вонредна состојба во градот Липецк и нареди евакуација на четири околни села.

Тој ги замоли и жителите на Липецк да не излегуваат до крајот на најавената тревога. Градот Липецк се наоѓа на околу 200 километри од границата со Украина.

Можете да прочитате

Синг: Пентагон не е загрижен за напредувањето на украинските сили на руска територија, кај Курск

Руски ракети погодија супермаркет во Украина, многу мртви, многу луѓе заробени под урнатините

Во Јадранското Море патник паднал од брод за крстарење