Утрински Весник
Свет

Украинските трупи навлегоа 10 километри на руска територија во регионот Курск

W 56371591.jpg

Украинските трупи напредуваа до 10 километри во Русија, што е веројатно најсериозниот граничен упад во конфликтот, oбјави денеска Институтот за проучување на војната.

Прокиевските сили упаднаа во југозападниот руски регион Курск во вторникот наутро, распоредувајќи околу 1.000 војници и повеќе од дваесет оклопни возила и тенкови, информации кои ги сподели руската армија.

Киев официјално не ја коментира операцијата.

Главниот руски генерал вчера вети дека ќе го запре упадот и ќе ги истурка украинските борци назад до границата.

„УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НАПРАВИЈА ПОТВРДЕН НАПРЕДОК ДО 10 КИЛОМЕТРИ ВО РУСКАТА КУРСКА ОБЛАСТ ВО УСЛОВИ НА КОНТИНУИРАНИ МЕХАНИЗИРАНИ ОФАНЗИВНИ ОПЕРАЦИИ НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА. СЕГАШНИОТ ПОТВРДЕН ОБЕМ И ЛОКАЦИЈА НА УКРАИНСКИОТ НАПРЕДОК ВО КУРСКАТА ОБЛАСТ УКАЖУВА ДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ПРОБИЛЕ НАЈМАЛКУ ДВЕ РУСКИ ОДБРАНБЕНИ ЛИНИИ И УПОРИШТА“, СООПШТИ АМЕРИКАНСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО СВОЕТО НАЈНОВО АЖУРИРАЊЕ.

Напредокот е фокусиран на логистичкиот центар Суџа, град со околу 5.000 жители сместен на осум километри од украинската граница.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години