Утрински Весник
Македонија

Со пари од ЕУ се договара реконструкција на зградата на Поштата како симбол на брутализмот

Photo 4 1.jpg

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на средба со евроамбасадорот во заминување, Дејвид Гир, разговараше за реставрација нацентралната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

„Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција” – истакна по средбата Николоски.

На состанокот присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот

Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина стока без соодветна документација

Давкова ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија