Утрински Весник
Македонија

Се сомневам дека добар дел од пожарите се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме од 35-40, вели Ангелов

Pozar Stojance Angelov.jpg

Вчера имало и повеќе пожари на територија на градот Скопје.

– Се работи за сезона на тешки пожари и за жал, не се само на наша територија. Повеќе од 150 пожари има и на територија на Србија, па оттаму го повлекуваат нивниот хеликоптер и не можеме да сметаме на нивна поддршка. Пожари има и во Грција и насекаде во регионот. Апелирам до сите граѓани да бидат екстремно внимателни. Тешко објасниво е појава на 40 нови пожари во еден ден. На дневна основа имаме појава на 35-40 стихии. Се сомневам дека добар дел се подметнати бидејќи не е нормално во еден ден да имаме 35-40 пожари. Или се работи за тотална неодговорност на одредени поединци или за некаква намера, рече Ангелов во видео-обраќањето од пожарот над викенд-населбата Брезница на Козјак.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот

Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина стока без соодветна документација

Давкова ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија