Утрински Весник
Свет

Карл Нехамер за откажаните концерти на Тејлор Свифт: Избегната е трагедија

20240808064442 Big 730x400 86.webp.webp

Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Бебзедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.

Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.

Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија – 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.

Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота. 

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години