Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради атмосферски фронт, ни следуваат два дена со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за локално невреме

2023 07 24 23 49 3755 .jpg

Почитувани мои, утре (четврток), како и во петок и тоа поради продор на малку поладен атмосферски фронт на висина, во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата во Македонија. Ова ќе услови локално да има развој на грмотевични облаци кои ќе условат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре особено нестабилно во попладневните часови ќе биде во западните предели, додека во петок нестабилноста ќе ја има на повеќе места, Во ваква ситуација, локално е можна појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Апелираме, во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во делови од Скопската котлина, особено во петок попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можно е  и краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и до околу 38 степени.  Во Скопје во овие два дена исто така температурата ќе се искачи до околу 38 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ја заташка работата

Нацртот на Пол Вилијамс пристигна во Мала Речица – ДУИ со дискусија за предлозите кои ги содржи документот

Власта не се откажува од 78% повисоки плати – синдикатите бараат работниците да ги стигнат платите на функционерите