Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Има разлика: сега никој не е над законот и обезбедувањето на Гаши има кривична, а во два наврати претходно за време СДС ДУИ косовската претседателка кршела процедури и протоколи а МВР молчело.
Еве делови од записникот:„По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер”, се наведува во записникот од 16.09.2023 година.
Истата ситуација се повтори и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателот не треба да се проверува.„Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот.
Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс”, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот”, се наведува во записникот од дата 09.10.2023 година.Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите.СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочница.