Утрински Весник
Македонија

Македонија има најбрз интернет во регионот

20240807090645 Big 730x400 44 1.webp.webp

Северна Македонија има најбрз интернет во регионот, а е меѓу подобро рангираните земји и во Европа, покажува истражувањето на Cable.co.uk, што го објави статистичкиот портал „Ландгеист“.

Со брзина на интернет конекциите од 97,9 Mbps, Македонија е пред Словенија, 97,0 Mbps, Србија 60,5 Mbps, Косово 57,3 Mbps, Грција 53,9 Mbps, Црна Гора 49,5 Mbps, Босна и Херцеговина 44,0 Mbps и Бугарија 40,4 Mbps. 

Најбрз интернет во Еропа има на островот Џерси (264 Mbps) лоциран меѓу Велика Британија и Франција, во Лихтенштајн 246,8 Mbps и во Исланд 229,4 Mbps. 

Во Франција брзината на интернетот е 152.5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.

Најбавен интерен во Европа имаат Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.

Податоците на Cable.co.uk се базираат на анализира на над 1,5 милијарди тестови за брзина на широкопојасен интернет во 229 земји, во текот на 12 месеци, завршувајќи на 30 јуни 2024 година.

Можете да прочитате

Ужас кај Богданци, две лица загинале во опожарено возило

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд