Утрински Весник
Спорт

Иванишевиќ: Колку е Ноовак „луд“, не би ме изненадило да игра во Лос Анџелес

7bf85c81 1020 461d Ae20 1cfdfb8b1e94.jpg

Новак Ѓоковиќ за прв пат во кариерата го освои златниот медал на Олимписките игри. Најдобриот тенисер на сите времиња во финалето го победи Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6, 7:6.

Успехот на 37-годишниот Ѓоковиќ го коментираше неговиот поранешен тренер Горан Иванишевиќ. Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката на крајот од 2023 година.

„Ако има нешто за што сум среќен, мило ми е што го освои ова. Сè уште сакам да го освои својот 25-ти Грен слем, за да може да се пензионира, иако никогаш нема да се пензионира. Може да најде мотивација. Тоа му недостасува еден Грен слем да биде апсолутен рекордер (да ја престигне Маргарет Корт). Ова ќе го подигне, го освои она што секогаш му недостигаше.

Со ваква игра тој е фаворит на Ју-ес опен. Не го сметам Вимблдон, чудо е што стигна и до финалето, чудо што воопшто играше. Ако биде вака мотивиран тој е фаворит на Ју-ес опен“, изјави Иванишевиќ за српски Спортклуб.

„Да останеа со Алкараз на теренот уште пет часа, исходот ќе беше ист. Новак леташе, лебдеше. Луѓето забораваат дека ова е прв пат да игра во финалето на Олимписките игри. Чувствуваше дека ова е тоа, и дека не смее да го пропушти. Колку „луд“, не би ме изненадило да игра во Лос Анџелес за четири години.

Ќе го гледаме уште долго.. Според мене, тој е еден од најголемите спортисти на сите времиња. Сигурно е меѓу најдобрите пет во историјата, прашање е само кој на кое место ќе го стави“, заклучи Иванишевиќ.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари