Утрински Весник
Македонија

Божиновска на средба со претставници на ОМД

Omd2.jpg

Министерката за енергетика , рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска, оствари работна средба со претставници на “Обединетата македонска дијаспора”(ОМД). Со актуелниот директор на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов и со ко-основачот потпретседателот Александар Митревски се разговараше за низа актуелни теми и трендови од областа на енергетиката.

Отворената и проактивна соработка со кадри кои своите кариерни портфолија ги градат  во земјите низ светот е од клучно значење за привлекување нови инвестиции со фокус на енергетиката. Сметам дека споделувањето на искуства од наши успешни и докажани професионалци – експерти  од  областите кои се предмет на дејствување на новото министерство, ќе бидат додадена вредност за претстојните  активности. Секоја подадена рака од различни страни е добредојдена во насока на реализација на идните планови на Владата – нагласи Божиновска на средбата со претставниците на ОМД.

Ресорното минстерство и во претстојниот период продолжува со низа средби со различни чинители, во насока на обезбедување платформа за интензивни инвестициски активности.

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство