Утрински Весник
Македонија

Екс министерот Бајрами врати над 3500 евра потрошени од службената картичка на МИОА

Img 2166.jpeg

Екс министер во Министерството за информатичко општество и администрација Наим Бајрами денеска до ТВ21 испрати демант на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека за 4 месеци во кафеани потрошил 231 илјади денари.

Тој вели дека фабриката на лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири манипулации и нетрпеливост.

„Категорично ги демантирам неоснованите и клеветнички обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и медиумите поврзани со нив. Целосно неосновано е тврдењето дека јас како поранешен министер злоупотребив службена книшка и потрошив 231.000 денари за кафе. Овие обвинувања не се ништо друго туку манипулација и оттргнување од фактот дека моментално на власт не успеаја да донесат опиплива корист за државата и граѓаните, фокусирајќи се на пропагандата. За време на мојот мандат како министер, институцијата ја оставив во најдобра можна состојба и покрај тоа што наследив голем број проблеми и неправилности. Ова може да го потврдат и вработените во институцијата. Станува збор за трошоци за официјални средби, а не за лична употреба, а сите релевантни документи и фактури се јавно достапни во министерството“, вели Бајрами.

Тој додава дека врз основа на високи морални, етички и транспарентни стандарди, контактирал со службите, односно секторот за финансии за сите трошоци поврзани со службената картичка.

„Иако во тие трошоци нема ништо незаконско, бидејќи не сум платил за лични работи како што имаат функционерите на ВМРО направено со години, ги известив дека трошоците ќе ги платам од мојата приватна сметка. Го знаеа и денот кога ќе ја платам, затоа побрзаа со прес-конференција, наводно по откривањето на големиот криминал! Како што направив денес, целиот долг го покрив до последен денар! Од годините што сум работел во приватен сектор, само сум придонел за оваа држава, а никогаш не сум ги злоупотребил парите на даночните обврзници! Сите трошоци во периодот додека бев министер ја немаат вредноста на трошоците од една недела на функционерите на ВМРО во минатото, што очигледно продолжува со старата аваза и од оваа гарнитура на ВМРО“, вели Бајрами!

Фото/Извор: ТВ21

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон