Утрински Весник
Свет

Австралија го зголеми нивото на терористичка закана од „можно“ на „веројатно“

Avstrali A.webp.webp

Австралија го подигна нивото на закана од терористички напад од „можен“ на „веројатен“ поради порастот на екстремистичкото расположение кај јавноста. Ова значи дека веројатноста за планирање и подготовка на напад во Австралија во следните 12 месеци е за 50 отсто поголема.

Премиерот Ентони Албанезе изјави дека степенот на готовност е зголемен по препорака на службите за безбедност, но додаде дека нема непосредна закана од напад.

– Советите што ги добивме е дека се повеќе Австралијци се вовлекуваат во различни екстремни идеологии, така што наша одговорност е да бидеме внимателни, рече тој на прес-конференција.

Во 2022 година, Австралија го намали нивото на закана до „можно“ по осум години кога беше на степен „веројатно“. Мајк Барџис, генерален директор на Австралиската служба за безбедност и разузнавање (контраразузнавање), изјави дека тензиите на Блискиот Исток, вклучувајќи го конфликтот меѓу Израел и Хамас кој започна на 7 октомври, придонела за зголемување на нивото на закана.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години