Утрински Весник
Свет

Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа

20240804134855 Big 730x400 76.webp.webp

Најмалку 18 лица загинаа утринава во новите израелски напади врз Појасот Газа, меѓу кои најмалку четири лица кои беа убиени во израелски воздушен напад врз камп во кој се сместени раселените Палестинци во Деир ал Балах, во центарот на Газа.

Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, загинаа утринава во израелски напад врз куќа во северниот дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.

Американските медиуми пренесуваат дека израелските сили утринава нападнаа и шаторски камп во дворот на болницата Ал Акса во Деир ал Балах, а во тој напад се повредени неколку лица, соопштија здравствени власти.

Болницата во Деир ал Балах е главната медицинска установа која работи во централниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле илјадници Палестинци кои избегале од конфликтот во другите делови на енклавата.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години