Утрински Весник
Магазин

Хит видео: Поранешната сопруга на младоженецот, кума му стана

Img 2091.jpeg

Имено, за младенците кумата на свадбата не била ништо помалку од поранешната сопруга на младоженецот. Невестата Тамара Пуриќ ги насмеа корисниците на социјална мрежа објавувајќи видео на својот профил.

Тамара и нејзиниот сопруг се венчаа пред матичар. Во еден момент кумата Маријана ги потпишува документите и почнува да ја објаснува ситуацијата. „Јас сум неговата поранешна сопруга, а ова е наше дете“, низ смеа вели кумата и покажува кон тој што снима и продолжува: „Ние сме… Се дружиме, мислам, се сакаме.”

Во тој момент сите почнуваат гласно да се смеат, а матичарот вели: „Па, побарав да ја слушнам оваа информација“. На крајот од видеото тие се фотографираа заедно.

Беше потребен само еден ден за видеото да стане вирално и да собере повеќе од 110 илјади лајкови.

„Нечиј живот е рокенрол“, „Е ова е хит“, „Видео на годината“, „Да сте живи и здрави“, „Само нека биде весело“, „Ова се вистински жени“, „Па ова е како во шпанска серија“, доби позитивни коментари од следбениците. „Кога бившата ќе каже дека ја боли уво поради тебе, вака изгледа“, се пошегува една девојка.

„Никогаш не би можела да му бидам кума на поранешен сопруг“, „Хорор“ – имаше и такви следбеници кои беа згрозени од оваа ситуација и не разбраа што е смешно во неа.

„Имаше неколку весници кои пишуваа грдо, но сепак тоа е нашето семејство и нашата свадба и многу важен ден за нас. Нашата цел беше да ја шириме позитивноста и љубовта што ја посакуваме и на другите“, рече Тамара.

Можете да прочитате

На плажа во европски град, мажите и жените се’ уште ги дели ѕид

Совети за помала желба за благо

Мајчината душичка – совршен лековит украс за домот