Утрински Весник
Скопје

Kабастиот отпад цел месец бесплатно ќе се собира низ Скопје

20240625101343 Big 730x400 40.webp.webp

Јавното претпријатие Комунална Хигиена ги информира граѓаните дека од утре до 11.9. 2024 година на повеќе локации во сите општини на градот ќе постави контејнери за кабаст отпад во близина на нивните домови кадешто ќе можат бесплатно да го одложат во контејнерите. Со тоа, ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град.

-Се надеваме дека во иднина жителите на сите општини во градот Скопје ќе ги почитуваат препораките на претпријатието и дека овој тип на отпад во секое време можат бесплатно да го одложат во центарот за селекција на ЈП Комунална Хигиена којшто се наоѓа на улицата „Илинденска“, позади бензинската пумпа на „Макпетрол“, во општина Карпош- велат од претппријатието.

Локации за контејнери наменети за одлагање кабаст отпад:

Општина Ѓорче Петров од 05.08.2024 до 08.08.2024 година:  Ѓорче 2 – автобуска постојка на последна 5,  Хром – автобуска постојка на последна 4, стара полициска станица, кај урбанатс заедница „Даме Груев“.

Општина Kaрпош од 09.08.2024 до 12.08.2024 година: улица „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24) – Тафталиџе 2, улица „ Јуриј Гагарин“( кај ресторанот „Македонска куќа“ –Козле, улица „Ванчо Мицков“ – Долно Нерези, улица „,В.В.Чакаларов“ – позади Порта Влае, кај контејнерите на ЈП Комунална Хигиена (во близина на автобуската постојка – Влае 2.

Општина Центар од 12.08.2024 до 16.08.2024 година: паркинг на ЈП ПОЦ спроти „Веро Џамбо“, улиоца „Питу Гули“ (кај Тинекс) – населба Водно, влезот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“, Дебар Маало (кај кружниот тек).

Општина Кисела Вода од 17.08.2024 до 20.08.2024 година: УЗ „Населба Драчево“,  улица „Бранко Заревски“ број17 – Парк на бранители, УЗ „Кисела Вода“(улица „Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ „8-ми Март“), УЗ „Цветан Димов“ (улица „Георги Димитров“ – заден влез на СГУ „Васил Антевски Дрен“, УЗ „Црниче“ (улица „Наум Охридски“, бб пред УЗ „Црниче“).

Општина Аеродром од 21.08.2024 до 24.08.2024 година: булевар „АСНОМ“ број 68 (реон: населба Јане Сандански), улица „Коста Новаковиќ“  број 48 (23ти Октомври број 29 – реон: населба Стар Аеродром),  булевар „Видoe Смилевски Бато“, број 19 (реон: населба Ново Лисиче, булевар „АСНОМ“, број 5 (кај „Рамстор“ – реон: населба Ново Лисиче).

Општина Гази Баба од 25.08.2024 до 28.08.2024 година: улица „Маџари“, спроти ресторан „Далиа“ – Ченто, улица „ Лазар Поп Трајков – кај месната заедница, Автокоманда, улица „М.А.Ченто“ – кај месната заедница „Алија Авдовиќ“, улица „Благоја Стефковски“, кај КАМ маркет – Триангла.

Општина Чаир од 29.08.2024 до 01.09.2024 година: раскрсницата меѓу булевар „Цветан Димов“ и улица „Коста Абрашевиќ“, улица „Ферид Мурад“, до средното училиште „Цветан Димов“ – кај Топлана Север, улица „Крсте Асенов“, број 5 – кај контејнерите (до чајџилница Пајтон), раскрсницата меѓу улицата „Дижонска“ и улицата „ Втора македонска бригада“ (кај контејнерите).

Општина Бутел од 01.09.2024 до 04.09.2024 година:  Скопје Север – кај „Стокомак“,  Бутел 2 – на платото кај џамијата, помегу 1 и 2 влез во Радишани, спроти црквата „Свети Јован – кај трансформаторот во Бутел 1.

Општина Шуто Оризари од 04.09.2024 до 07.09.2024 година: автобуска постојка на последна 19, спроти затворот – кај Жуто Лукс, на паркингот зад Општина Шуто Оризари.

Општина Сарај од 08.09.2024 до 11.09.2024 година: кај претоварната станица на ЈП Комунална Хигиена, локација на старата Општина Сарај.

Можете да прочитате

Без вода утре дел од корисниците на Општина Центар

Пожар под скопско Кале, интервенираат четири противпожарни возила

Има или нема дива депонија во Ченто? КХС го демантира 24инфо.мк и се жали од Град Скопје