Утрински Весник
Магазин

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Kolbasi Epa.jpg

Холандската полиција фатила гладен провалник на дело во градот Етен-Лер во провинцијата Северен Брабант.

Полицајците кои реагирале на дојава за кражба на куќа, го фатиле крадецот како подготвува колбаси, во куќата во која провалил, соопшти локалната полиција.

„Бизарен расплет на настаните. По кражбата осомничениот бил пронајден како пржи колбаси во куќата“, соопшти полицијата на „Икс“, откако го фатила провалникот на лице место.

Полицијата го привела осомничениот и го привела на распит во полициска станица. Како „доказ“ ги заплениле и колбасиците.

Можете да прочитате

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето

Четботовите сериозен ризик за приватноста на корисниците

Кинеската компанија Џуебан го претстави својот револуционерен производ, паметниот тоалет Сјаобан