Утрински Весник
Свет

Хезболах ноќеска истрелал 50-тина ракети врз северен Израел, повеќето биле соборени од „Железната купола“

20240804080324 Big 730x400 75.webp.webp

Проиранското либанско шиитско движење Хезболах рано утринава соопшти дека истрелало десетици ракети врз Беит Хилел во северен Израел.

Групата во соопштението напиша дека „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат го погоди Беит Хилел со десетици ракетни качуши“.

Според израелските медиуми, повеќето од ракетите беа пресретнати од израелскиот противракетен систем „Железна купола“.

Либански безбедносни извори соопштија дека од Либан врз северен Израел биле истрелани околу 50 ракети.

Од неодамна дојде до значително влошување на ситуацијата во односите меѓу Израел и Либан.

По целните убиства на воениот командант на Хезболах, Фуад Шукра, и на шефот на Хамас, Исмаил Ханија, претходно оваа недела, лидерот на Хезболах Хасан Насрала вети одмазда.

Од избувнувањето на војната во Газа, секојдневно има гранатирање меѓу Хезболах и израелската армија, што резултираше со смртни случаи на двете страни.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години