Утрински Весник
Балкан

Трагедија во Белград: Новороденче пронајдено мртво во стан, мајката е во критична сосотјба

Brza Pomos.png

Во Белград откриен шокантен случај откако на Гинеколошко-акушерската клиника „Вишеградска“ била донесена родилка во тешка состојба М.М.(39). Приемот на оваа жена во болница е пријавен во МВР, по што полицијата започнала натамошна истрага.

Истрагата ја одвела полицијата до стан во Врачар, каде што живеела М.М. Во станот пронашле мртво новороденче.

Според неофицијални информации, М.М се породила во својот стан пред една недела, но на почетокот на истрагата тврдела дека бебето го родила мртво, а потоа тврдела дека го фрлила во контејнер. Подоцна ја променила изјавата и на полицијата и открила дека телото на бебето се уште е во станот, пренесуваат медиумите.

Синоќа на терен излегле форензичари, полиција и погребално претпријатие за да ги извршат сите потребни дејствија на местото на настанот. Животот на мајката М.М моментално е во опасност и таа се наоѓа во болница, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.

Можете да прочитате

Газета експрес“: Курти в понеделник во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година

На Илинден: Се одржа прва литургија на македонски јазик во Србија