Утрински Весник
Свет

Изборна комисија на Венецуела: Мадуро победник на изборите

2 1.png

Претседателот на Националната изборна комисија на Венецуела, Елвис Аморос денеска изјави дека врз основа на речиси 97 отсто од преброените гласови, актуелниот претседател Николас Мадуро победил на претседателските избори.

Тој освои 51,95 отсто од гласовите, а неговиот ривал Едмундо Гонзалес 43,18 отсто од гласовите, покажуваат податоците на изборната комисија, а пренесува Ројтерс.

Претседателските избори во Венецуела се одржаа на 28 јули, а изборната комисија го прогласи Мадуро за победник, додека опозицијата тврди дека врз основа на преброените 90 отсто од гласовите нејзиниот кандидат освоил двојно повеќе.
Спорните изборни резултати предизвикаа бран протести низ целата земја.

Владата на Венецуела денеска ги обвини Соединетите држави дека стојат зад обидот за пуч, бидејќи некои земји во регионот, вклучително и САД, го признаа Гонзалес за победник на изборите

Можете да прочитате

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија