Утрински Весник
Македонија

Тажна вест: Пронајден мртов 85годишниот Томе

Messenger Creation 1ac54020 Ab32 483c B0ee 8fc4e120fa6d 1170x1170 1.jpeg

Томе Божиновски, 85-годишниот жител од скопската населба Тафталиџе, кој пред пет дена беше пријавен за исчезнат, пронајден е мртов.

„Драги соседи, пријатели, познаници, огромна благодарност што изминатите пет дена бевте со нас и што неуморно го баравте. На 2 август 2024 година, нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски е најден починат,“ се вели во објавата од неговото семејство.

Томче исчезна на 29 јули рано наутро, а денешната вест предизвика тага меѓу сите оние кои учествуваа во потрагата и ја изразија својата поддршка за семејството во овие тешки моменти.

Можете да прочитате

ДУИ: Недозволиво е однесувањето на шефот на обезбедувањето на Африм Гаши

Приведени двајца скопјани, кај нив пронајдени прашкаста материја и куршум

Најдена е Клара, заминала по семејна караница