Утрински Весник
Балкан

Продолжува борбата со пожарите во Далмација, стотици пожарникари на терен

Pozhar 10.webp.webp

Стотици пожарникари од цела Хрватска, голем број канадери и авиони за гаснење пожари и денеска се борат со пожарите во Далмација, а најтешко е кај Тучепи и Подгора каде што огнената стихија беснее уште од вторник навечер.

Овој пожар се прошири и на Паркот на природата Биоково, гори во Врсини кај Трогир, а состојбата околу Скрадин е значително подобра иако пожарот е сè уште активен. Пожарот кај Врсини на трогирското подрачје и понатаму е активен, изјави Горан Слатина, командир на Доброволното противпожарно друштво Марина.

– Огнот се шири, се приближи до куќите. Пожарникарите на теренот повремено добиваат помош од четири канадери, рече Слатина.

Гори во засеокот Јаиќи, а огнот брзо се шири кон Бристивица и Близна Горна. Пожарот го гасат околу 150 пожарникари со 40-тина возила од локалните доброволни противпожарни друштва, но и од други делови на Хрватска. Захваќени се трева, ниска вегетација, макија и борови на околу 600 хектари.

– Нашите екипи и денеска ја следат надчовечката борба на пожарникарите со пожарите, изјави за ХРТ Доминик Стриж од Тучепи.

Состојбата на теренот, додаде тој, е многу подобра отколку што беше. – Отворен пламен немаше до пред малку, огнот се активираше внатре во самиот пожарникарски терен, но рабовите се целосно изгасени и нема повеќе ни чадење, рече Стриж.

Според извештаите на ХРТ, во Дубравиците кај Скрадин отворен ogan има само на едно место во кањонот Крка. – Огнот влезе во националниот парк, а сега тоа подрачје се tretira од воздух. Се работи за непристапен терен. Од паркот порачуваат дека посетителите не се загрозени, односно дека паркот е отворен. На теренот има 120 пожарникари. Мештаните велат дека синоќа конечно спиеле, а покрај патот сега, заради безбедноста на сообраќајот, се отстрануваат изгорени дрвја. Покрај боровата шума настрадале и лозја, насади со маслинки и трајни насади. Локалното население бара прогласување на елементарна непогода, а причината за пожарот допрва треба да се утврди, пренесе ХРТ

Можете да прочитате

Волк забележан во населено место на Халкидики

Патник на атинскиот аеродром се обидел да внесе во Грција над 35 килограми суров канабис

Истражување на RCC: 58 проценти од младите во Западен Балкан размислуваат да заминат во странство