Утрински Весник
Македонија

Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон на Охридското Езеро

Sara Plivacka.jpg
Dik 300x250 mk

Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45-ти пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Можете да прочитате

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени

Три лица организирано краделе кабли од „Железара“ и направиле штета од над 440 илјади евра