Утрински Весник
Македонија

Во сообраќајка во Охрид се повредени четири лица

Lenta Policija 4 1.jpg

На 01.08.2024 во 10:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница