Утрински Весник
Магазин

Вчера се снимаше седмата епизода од најгледаното адреналинско шоу ТРИУМФ, кое ексклузивно се емитува на GLEY и на јутјуб каналот LAZAROV

Img 1868.png

Скопје, 01.08.2024 –Многу адреналин, неверојатна динамика и возбудливи предизвици кои никого не оставаат рамнодушен. Адреналинското шоу ТРИУМФ соборува рекорди на гледаност и секоја нова епизода на онлајн платформата GLEY или на јутјуб каналот LAZAROV се чека со нетрпиение. 

Публиката го препознава и го цени вложениот труд и освежувањето што ТРИУМФ го носи за домашната продукција. Натпреварувачите се соочуваат со екстремни услови и во секој момент ги тестираат границите на својата физичка и ментална издржливост, а водителите Димитар Атанасовски, Петар Младенов и Стефан Лазаровбезрезервно им ја даваат потребната поддршка и мотивација, што дополнително го задржува вниманието на гледачите. 

Локациите за секоја нова епизода се внимателно одбрани, во зависност од предизвиците и адреналинот кој треба да се пренесе пред малите екрани. За таа цел,  последните две епизоди се снимени надвор од Скопје, односно во Охрид и Маврово, што ја покажува истрајноста и доследноста на целиот тим кој стои зад ТРИУМФ. 

Во првата сезона се натпреваруваат вкупно 15 Општини, односно Куманово, Новаци, Прилеп, Кисела Вода, Крива Паланка, Илиден, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Охрид, Пехчево, Гевгелија и Петровец. Само една од општините ќе биде победник и ќе добие парична награда од 3.000 евра.

Иако секој од натпреварувачите цели кон победа, во текот на снимањата владее одличен тимски дух и сите учесници од секоја Општина создаваат незаборавни сеќавања, а ТРИУМФ станува сѐ поголемо адреналинско семејство. 

Од следната недела ќе се емитуваат трите четвртфинални епизоди, во кои тимовите почнуваат да отпаѓаат од трката за победник.

До тогаш, препуштете се на адреналинот и уживајте со првите пет епизоди кои ги имате на каналот на Лазаров, а доколку сакате да ги погледнете емисиите во целост со мини игрите помеѓу водителите, како и behind the scenes делот од самите снимања, одберете ја стриминг платформата GLEY. Одберете го својот фаворит за кој ќе навивате да стане шампион во првата сезона на ТРИУМФ.

Можете да прочитате

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски