Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Policija Nokje.jpg

На 31.07.2024 СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Ј.(30) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид” по член 123 став 1, а во врска со  член 19 од Кривичниот закон и Д.С.(31) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство” по чл. 22 од Кривичниот закон, а во врска со кривично дело „убиство во обид”.

На 31.07.2024 околу 01:30 часот на тротоар на раскрсницата помеѓу улиците „22-ри Октомври” и „Партизанска” во Радовиш, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица А.Ј. со остар предмет му нанел убодна рана на Ѓ.А. од Радовиш, а истовремено Д.С. активирал солзавец кон Ј.Т. од Радовиш.  Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Во текот на вчерашниот ден лицата биле изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Можете да прочитате

Истрага против 30-годишен маж за силување во Тетово

Заложничка драма на скопскиот аеродром: Шефот на обезбедувањето на Гаши вперил пиштол во полициски службеник пред косoвската претседателка Вјоса Османи!

(Фото) Хаос на патарини и гранични премини