Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ (ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ, СИЛЕН ВЕТЕР И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ): Апелираме за крајна претпазливост

Uploads Thumbs Resize 800x420 540443.jpg

Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, утре (петок) особено во северните предели, а за време на викендот, особено во сабота на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град. Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во Скопската котлина утре (петок) како и за време на викендот, особено во сабота во попладневните  и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат  и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег