Утрински Весник
Македонија

МВР ги информира граѓаните дека и утре ќе работат пунктовите за издавање на готови лични документи

20240801121732 Big 730x400 50.webp.webp

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко” во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).

Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко”) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот

Можете да прочитате

Филипче: Димитријевиќ останува Ген Сек, Трајановски потпретседател на СДСМ

Министерката не одговори зошто се скратени парите за ретки болести – одговорноста била во Здравство

Мицкоски: Го вративме името, дури и Венко и СДСМ користат само Македонија без северна