Утрински Весник
Магазин

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Veshtachka Inteligenci A.webp.webp

Глумците стапуваат во штрајк, по неколкумесечните преговори со компаниите за видеоигри, како „Активижн“, „Епик гејмс“ и други издавачки куќи. Целта се: повисоки плати, подобри безбедносни мерки и заштита од новите технологии со вештачка интелигенција.

– Индустријата за видеоигри генерира заработки од милијарди долари годишно. Движечката сила зад тој успех се креативните луѓе кои ги дизајнираат и создаваат тие игри, изјави Данкан Крабтри-Ајрланд – главниот преговарач на Синдикатот на филмски, телевизиски и радиоуметници (САГ-АФТРА).

Овој штрајк се случува една година откако холивудските филмски работници успешно го завршија штрајкот против односот на филмските студија и поради слични барања.

– Тоа ги вклучува членовите на САГ-АФТРА кои носат незаборавни и сакани ликови на животот И тие заслужуваат и бараат иста основна заштита како и уметниците во филмот, телевизијата, стрим-продукцијата и музиката: правично вреднување и право на информирана согласност за употребата на нивните лица, гласови и тела. Некои луѓе не научиле ништо од лекциите од лани. Нашите членови можат и ќе застанат и ќе бараат фер и праведен третман на вештачката интелигенција, а јавноста нѐ поддржува во тоа.

Според Одборот на штрајкот, недостатокот на заштита на вештачката интелигенција е егзистенцијална закана за глумците и она што тие го прават. 

Можете да прочитате

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа