По написот на 24инфо.мк за дива депонија во скопската населба Ченто, утрово стигна демант од страна на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје.
Во демантот што подолу го објавуваме во целост ЈП КХС ги демантира жителите кои се жалеа на отсуство на реакција од надлежните институции и признава дека на посочената локација имало дива депонија која е расчистена, што нашата редакција го поздравува.
Во продложение, демантот од ЈП Комунална хигиена Скопје доставен до 24инфо.мк:
На објавата од “24 Инфо.мк“ објавена на 30.7 2024 г. дека во населбата Ченто никнала дива депонија од неколку квадратни метри поради неподигање на сметот,како резултат на неажурноста на институциите, ЈП комунална хигиена – Скопје остро се спротиставува на ваквите изјави и повторно ги информира сите граѓани на Скопје, особено граѓаните на населбата Ченто во општина Гази Баба дека комуналниот отпад во оваа општина претпријатието го собира и транспортира редовно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје. Во конкретниот случај, дивата депонија на посочената локација ,,никната” од несовесноста на граѓанитe кои всушност се и жители на таа општина и самите тие со својата несовесност и некултура создале грда слика за својата општина, ЈП Комунална хигиена -Скопје потенцира дека посочената депонија беше расчистена пред три дена, но повторно, за неполни три дена се создаде нов непрописно одложен отпад, па екипите на претпријатието повторно го расчистуваа просторот. ЈП Комунална хигиена се соочува со голем проблем којшто е резултат на немање слух од страна на Советот на Град Скопје, а дирекно влијае врзчистотата на нашиот град. Програмата за дополнителни активности за одржување на јавната чистота на Град Скопје е доставена до Советот на Град Скопје.На 30 мај Програмата беше ставена како точка за гласање и советниците на Град Скопје истата не ја изгласаа односно не беше одобрена ,а на наредните две седници Програмата воопшто не беше ставена на гласање иако беше уредно и навремено испратена до службите одговорни за дневниот ред на Советот.
Досега,во изминативе години не се случило оваа Програма којашто е од голема важност како за Претпријатието така и за сите граѓанида не биде изгласана, што влијае на одржувањето и заштитата на животната средина во нашиот град.