Утрински Весник
Македонија

Лишени од слобода две лица, пронајден пиштол и криумчарена стока

Eden 411389.png

На локален пат во село Побожје кон место викано Рамно, синоќа околу 22.20 часот од слобода се лишени Љ.И.(38) од скопско Танушевци и Р.И.(63) од село Визбегово, осомничено за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

Од МВР денеска осопштија дека од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер” со скопски регистарски ознаки.ж

– При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол, стои во соопштението од МВР.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации