Утрински Весник
Македонија

Говедска супа се повлекува од македонскиот пазар поради можно присуство на туѓо тело

Pileca Supa 1500x1125 1.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело.

Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година.

Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава, АХВ ги доби вчера во доцните попладневни часови преку Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ (RASFF – Window) со референтен број 2024.5845.

Земја известувач е Република Хрватска, каде посочените производи се отповикани од промет.

„Ги повикуваме потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак нештетно да ги уништат“, велат од АХВ.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре