Утрински Весник
Македонија

Припадници на Армијата ќе реализираат тактичко-технички активности кај комплексот „Св.Наум” во Охрид

Vojnik Arm 1.jpg

Денеска (31.07.2024) од 11 до 14 часот и утре (01.08.2024) од 12 до 14 часот , на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро кај комплексот „Св.Наум”, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.  

Можете да прочитате

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога