Утрински Весник
Македонија

Пожарот кај Пехчево се заканува да ги зафати првите куќи, на терен се делува и со хеликоптер

Helikopter Gasi Pozar Kaj Pehcevo 1024x576 1.jpg

Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици, Стојанче Ангелов.

Според него, зафатена е квалитетна борова шума, а запалени шишарки летаат и по 20 до 30 метри и создаваат нови жаришта.

Од пожарната во Струмица известија дека денес испратиле едно ПП возило со пожарникари кои треба да помогнат во гаснењето на огнот кој се заканува да ги фати првите куќи.

Кризниот штаб на општина Пехчево утрово испрати апел до сите граѓани кои сакаат да помогнат во справување со пожарите, тоа да не го прават самоиницијативно.

-Сите доброволци ги замолуваме да дојдат на збирното место кое е на плоштадот во Пехчево. Само така организирано ќе се оди кон пожарот, стои во пораката, објавена од страна на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека пунктот за донирање на храна и вода е во просториите на Домот на културата во Пехчево и истиот е отворен во 7 часот.

Се апелира водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење на пожарот.

Од ЈКП „Комуналец“ Пехчево известија дека граѓаните кои имаат потреба од вода за пиење може да наполнат од цистерните поставени во центарот на Пехчево.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации