Утрински Весник
Македонија

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Gtbzz .jpg

7-те лица кои беа заглавени во куќа во с. Строиманци, Св. Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени 7 лица.

„Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и храбрите македонски пилоти“, рекоа од ЦУК.

Директорот на ЦУК Стојанче Анеглов апелира до сите сопственици на викендички да изработат противпожарен појас или мек појас околу своите куќи.

Најголемата пожарна линија се движи од општина Свети Николе во насока на Куманово, каде моментално делуваат трите ертрактори.

Пожар има на територијата на Старо Нагоричани кој се заканува да зафати неколку напуштени села.арникари и храбрите македонски пилоти“, рекоа од ЦУК.

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?