Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Дојран: Три часа чекаме хеликоптери и ер-трактори, но ги нема

Image 18.webp.webp

И општина Дојран е зафатена од силен пожар кои зафатија неколку куќи но сепак за цела среќа нема повредени лица.

Градоначалникот на Дојран Анго Ангов вели дека со часови се чека на водушна поддршка која сега за сега е задоцнета.

„Пожарот избувна во 10:30 часот. Најпрво имаше пожар во селото Николиќ, но за жал, сега е проширен. Избувна на самата депонија, а има индиции дека е подметнат. Во неговото ширење „помага“ и ветерот. Веќе трет час чекаме помош, но помош нема. За жал има зафатено и неколку куќи во Стар Дојран. Засега жртви нема. На терен е и полицијата, брза помош, но неопходна ни е воздушна поддршка“, видно вознемирен вели градоначалникот Ангов.

Во меѓувреме, од Центарот за управување со кризи информираат дека на помош дошол хеликоптер кој полни вода од Дојранското езеро и го гаси пожарот.

Можете да прочитате

Жозеп Борел со силна поддршка за Бујар Османи во Чаир: „Лидер кој слуша, обединува и носи напредок“

Муцунски: Подготвени сме да ги направиме сите неопходни реформи – не само поради ЕУ, туку поради посилно општество

Кој ќе остане да ја чува Македонија по 2050 година: старците или странците?