Утрински Весник
Македонија

Проф. д-р. Бурим Љатифи од коалицијата ВРЕДИ ќе раководи со МЕПСО

Viber Image 2024 07 30 11 08 59 488 411236.jpg

Проф. д-р. Бурим Љатифи од редовите на Вреди е назначен за директор на АД MEПСО. 

Назначени се и нови членови на Надзорниот и Управниот одбор на Операторот на електропреносниот систем за пренос на електрична енергија АД МЕПСО, а за заменик директор е избран Александар Пауноски.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека како единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.

Новиот Надзорен одбор на вчерашната седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

– Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор, приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компнијата се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните кросиници. Притоа Управниот и Надзорниот одбор ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследените проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојни проекти со кои ќе допринесат за унапредување на преносната мрежа, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт и врски.

Можете да прочитате

Втора година по ред Гаши нема лично да присуствува на чествувањето на Илинден, ќе оди во Египет

На Табановце пронајдени 124.250 евра кај грчки државјанин

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска