Утрински Весник
Магазин

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи 

Img 1463.jpeg

Лара Иванова како веќе докажан музички артист, со секој нов проект поставува нови стандарди во музичката индустрија, надминувајќи ги дури и сопствените граници и очекувања. Со секоја издадена песна, Лара одново го покажува својот извонреден талент и креативност, доследноста до нејзиниот музички стил, како и посветеноста кон домашната сцена.  

Иако публиката веќе ја препознава и ја цени нејзината работа, секогаш е во исчекување на нови проекти, знаејќи дека Лара Иванова повторно ќе ги воодушеви со својата иновативност и страст кон музиката.

Со голема чест и возбуда, Лара неодамна го најави нејзиниот следен, голем музички проект, односно на социјалните медиуми сподели дека неуморно работи на четири нови песни со четири посебни видео записи, кои ќе бидат објавени во исто време. Засега не открива многу детали, но сепак со нејзината изјава успеа да го привлече целото внимание на јавноста и да ги добие првите позитивни коментари.

„Бројот 4 има големо значење во областа на духовноста. Ги симболизира четирите елементи: воздух, оган, вода и земја, кои ја претставуваат важноста на соработката и единството во постигнувањето на нашите цели. Овие елементи ја отелотворуваат практичноста, структурата и напорната работа“, напиша Лара Иванова на една од нејзините Инстаграм објави.

Овој серијал од четири песни е резултат на напорна работа со тим од десетина професионалци, кои максимално го вложуваат своето знаење и искуство, користејќи врвна опрема, за да создадат уникатни и артистични сцени.

Сите песни и видео записи се снимени по светски стандарди, а Лара се прикажува во досега најдобро светло, со што започнува ново музичко поглавје и дава нова димензија во нејзината богата музичка кариера. Со фокус на висококвалитетна продукција и иновативен визуелен приказ, овој проект има единствена цел – да ги инспирира и воодушеви нејзините фанови, но и сите љубители на добрата музика.

Македонската публика брои ситно до објавувањето на нејзините четири нови песни, а до тогаш следете ја Лара Иванова на социјалните мрежи, за да ја погледнете магијата што се случува зад камерите.

Можете да прочитате

Тело какво што секој би посакал: Наташа Беквалац покажа колку е згодна

Најчестите реченици во устата на манипулаторот

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци