Утрински Весник
Македонија

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата

Granichni Premini.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез се бележи зголемена фреквенција на возила но во раните утрински часови нема подолги задржувања. Исто и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Павловска најави нов протест против фемицидите на 25 ноември

Михаилова тврди дека баба и била „киднапирана“ на граница, МВР вели дека разговорот траел два часа

Павловска за случајот во Богданци: Едномесечното отсуство од настава требало да биде сигнал за реакција