Утрински Весник
Македонија

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

Uploads Thumbs Resize 800x420 652200.jpg

За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб, десет лица со знаци на цироза упатени на Клиниката за гастро.

Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола” од денес почна заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Од мобилната медицинска екипа информираат дека во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш се упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Мобилната екипа, денеска попладне е лоцирана на градскиот плоштад во Куманово, каде од 17.30 до 19.30 часот граѓаните имаат можност да направат скрининг за Хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични заболувања на црниот дроб. Во вторник мобилната екипа ќе биде во Гостивар – од 9 до 11 часот, а попладне бесплатен скрининг ќе може да направат граѓаните од Тетово, во периодот од 17.30 до 19.30 часот.

Во среда, мобилната екипа ќе биде лоцирана во Штип и Струмица – на градскиот плоштад во Штип бесплатно тестирање ќе се врши од 9 до 11 часот, а попладне граѓаните од Струмица ќе имаат можност за превентивен преглед од 17.30 до 19.30 часот.

Во следниот период тестирањата ќе продолжат во Струга, Охрид, Битола и Кавадарци, соопштуваат од МЗ.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата