Утрински Весник
Македонија

Вкупно три лица повредени во две сообраќајки во кичевско

Soobrakajka 1.jpg

Две сообраќајни несреќи се случиле вчера во кичевско.

– На 28.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управуван од М.М.(44) од Виница, со живеалиште во Швајцарија и мотоцикл „ктм“ со винички регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(29) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.М., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, информираа од полицијата.

– На 28.07.2024 во 19.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат кај влез за с.Попоец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(45) од Скопје и мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, управуван од А.А.(55) од село Аранѓел, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, велат од МВР за другата сообраќајка.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб