Утрински Весник
Македонија

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Taki Fiti.jpg

Ова е апсурдна идеја. Во ниту една современа земја, нема две национални академии. Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја. Тоа е небулозна идеја, вели за „Локално“ академик Таки Фити по најавите и барањето на коалицијата ВЛЕН за формирање на албанска Академија на науките и уметностите, паралелна со МАНУ.

„Битна е науката и придонесот на потенцијалните членови на академијата во соодветната област. Во МАНУ се избираат академици врз база на вонредно-строги критериуми. Претпоследниот циклус на избори во Академијата беа дополнително засилени и така ќе остане. Академијата е национална, но тоа не значи само на Македонците, туку на сите други етникуми во Македонија.

И порано и сега, имало академци кои биле високо почитувани со различна етничка припадност. Имало и Власи, Турци, Албанци, дури има и една Полјачка. Денес во Академијата имаме четири членови од албанска националност, од кои двајца се активни и работат. Академиците Беџети и Абази како редовни членови, додека како дописен член е академик Зеќири, истакнува Фити, потсетувајќи се и на Луан Старова кој почина во 2022 година.

Вие знаете кој беше Луан Старова – еминентен писател, книжевник и писател. Не е проблем и нема да биде проблем да влезат и Албанци и Власи и Турци. Отсекогаш така било и ќе остане, категоричен е академикот, вели Фити за Локално.

-Луѓето ги мешаат работите. Во МАНУ, академиците нема статус на вработени, туку вработени во Академијата се административниот и техничкиот персонал во рамки на Секретаријатот и научни соработници со научни звања. Не бегаме од тоа да примиме Албанци, Власи или Турци – проблем е дали луѓето ќе се јават на конкурс. Имавме низа конкурси и ниту еден Албанец не ни се јавил, зборувам за техничкиот персонал. Ако ги исполнува условите и критериумите, сигурно ќе биде примен, нас не не интересира националност, потврдува Фити.

Можете да прочитате

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано може да предизвика здравствени проблеми

Маријана Илиевска е нова членка на Советот на јавни обвинители