Утрински Весник
Магазин

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

20240729083416 Big 730x400 44.webp.webp

Замастен црн дроб е исклучително загрижувачка здравствена состојба, а симптомите често се неизразени. Сепак, постојат одредени фактори на опасност на коишто треба да им се посвети внимание.

Замастениот црн дроб често останува незабележан, а тоа може да води кон сериозни проблеми доколку не се лекува. Неправилната исхрана не е единствениот виновник за таложење на маснотии во црниот дроб. Нелекуваниот замастен црн дроб може да предизвика значително оштетување на самиот орган и на крајот да доведе до цироза и други сериозни состојби. Оваа болест најчесто се дијагностицира со преглед со ултразвук на абдоменот.

Лекарите, како фактори на ризик, ги  истакнуваат староста и дијабетесот, што може дополнително да ја влошат состојбата. Но, како 5 главни фактори за развој на замастен црн дроб се наведуваат: Дебелина, висок шеќер во крвта, високи триглицериди, нездрава или неправилна исхрана, но и апнејата при спиење. 

Иако ноќната апнеја може да делува како невообичаен фактор на ризик, истражувањата покажаа дека опструктивната апнеја може да предизвика замастен црн дроб со зголемена отпорност на инсулин, како и дислипидемија и воспаленија.

Се смета дека замастениот црн дроб обично нема симптоми, но некои знаци може да укажуваат на оваа болест. Темната столица и темната урина се меѓу тие знаци, па доколку се појават, се препорачува консултација со лекар. Навремената дијагноза и третман се клучни за зачувување на здравјето на црниот дроб. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста