Утрински Весник
Спорт

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити

5fe90bf 0d607dcef75d4d83b562cc18c886f959 1 Ae8d88816c2f4bbdb3a7a7a3bd8c8357.jpg

Леон Маршан и го донесе првиот златен медал на Франција на пливачките натпревари, на Олимписките игри во Париз.

Маршан, според многумина, идната мегаѕвезда на светското пливање славеше со олимписки рекорд во неговата омилена дисциплина 400 метри мешано.

Рекордот на Мајкл Фелпс, францускиот пливач го урна со време 4:02.95 минути. Тој беше само за 45 стотинки побавен од неговиот личен и светски рекорд (4:02.50 часот) и рутински стигна до златото.

Второто место у припадна на јапонскиот тинејџер, Мацушита која задоцни,67 секунди, додека третото место му припадна на Американецот Фостер.

Возбудливо беше и на трката на 100 метри градно во машка конкуренција. Носителот на бронзата од претходните Игри во Токио, Николо Мартиненги стави крај на доминацијата на Адам Пити во оваа дисциплина.

Италијанецот победи во возбудлива, но бавна трка со 59.03.

Пити, олимпискиот шампион од Рио де жанеиро и Токио, беше побавен за само две стотинки, додека три стотинки подалеку од Пити беше Американецот Ник Финк кој ја освои бронзата.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари