Утрински Весник
Свет
Img 7972

Најмалку седум жртви во стампедо на концерт во Конго

Picture 1211 660x432 1.jpg
Dik 300x250 mk

– Најмалку седум лица загинаа, а многу луѓе се повредени во стампедо на концерт во Киншаса, главниот град на Конго, соопштија денеска властите.

Стампедото се случило на стадионот со капацитет од 80,000 гледачи на концертот на популарниот госпел пејач Мајк Каламбаи, соопшти гувернерот на Киншаса, Даниел Бумба.

Се проценува дека на концертот присуствувале околу 30,000 луѓе.

Државната телевизија РТВЦ јави дека во хаосот што настанал загинале седум лица, а дел од повредените се примени на одделението за интензивна нега.

Надлежните не соопштуваат што го предизвикало стампедото, а соопштено е дека истрагата за инцидентот е во тек.

Локалната музичка компанија соопшти дека хаосот настанал кога „безбедносните служби се обиделе да неутрализираат некои хулигани“.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија