Утрински Весник
Македонија

Девет илјади хектари и стотици илјади евра – проценка на штетата од пожарите на Серта

Pozar Serta3 1170x659 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Огнот пеплоса речиси 9.000 хектари на шума, нискостеблести растенија и трева на планината Серта. Првичните проценки на Јавното претпријатие „Национални шуми“ покажуваат дека од страната на Неготино, од каде што и почна огнената стихија, опожарени се околу 5.500 хектари, а на штипскиот дел околу 3.000 хектари. Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов повтори дека штетите се епохални, ќе требаат години за да животот, дивичот се врати на планината.

По завршување на пожарите, следен чекор е чистење на планината од изгорените дрвја, а потоа ќе почне пошумувањето. Но, во расадниците на национални шуми нема доволно садници за обновување на опожарените подрачја.

Освен економската штета, во наредните години овој регион околу Серта ќе се соочи и со промена на климата. Според првичните проценки, над 38 милиони денари изнесува вкупната штета од опожарена шума во 73 пожари од јануари до јуни годинава.

Можете да прочитате

Мицкоски најави покана за лидерска средба за укинување на техничката влада

ВЛЕН: Мир, заедништво и почит за сите граѓани

Апел за помош: Исчезна 72-годишна жена во Скопје