Утрински Весник
Свет

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Lavrov.webp.webp
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема смисла да се слуша што велат украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба за перспективата на преговорите со Русија, бидејќи, како што рече, „тие го кажуваат токму спротивното.

Осврнувајќи се на изјавата на Кулеба дека Украина е подготвена за преговори со Русија, Лавров изјави дека не е првпат Кулеба да го каже тоа.

„А, понекогаш зборуваше сосема спротивни работи. Неодамна разговараа за преговорите. Зеленски ја спомена неговата подготвеност на крајот да седне со руските претставници. Не ги слушам, да бидам искрен“, рече Лавров на прес-конференција во Лаос, по состанок на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа