Утрински Весник
Скопје

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Polici A.jpg

Вчера (26/27.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

Притоа, спроведена била и сообраќајна контрола и санкционирани биле 28 возачи, а 15 возила биле подигнати со специјално возило „пајак”… Исто така, вчера (26/27.07.2024) во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром постапено е по планот „Безбедно лето 2024 година”.

При преземени мерки на повеќе локации констатирани биле 12 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а било приведено едно лице за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

Можете да прочитате

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров

Одбележан патрониот празник на општина Илинден