Утрински Весник
Балкан

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

20240727082118 Big 730x400 99.webp.webp

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа, со 106 гласови “за”  ја изгласа новата изборна реформа.

За гласаа пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, додека демократите на Љуљзим Баша беа за целосно отворени листи, обвинувајќи за таен договор меѓу СП и ДП, нарекувајќи го “атентат врз демократијата”, со кој му е обезбеден четвртиот мандат на Еди Рама.

Со новиот закон, на парламентарните избори следната година, од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, една третина ќе се избираат со отворени листи, останатите според мнозински систем.

Изгласан беше и амандманот со кој 30 отсто или секој трет кандидат на листите да биде жена, што експресно го поздрави мисијата на ОБСЕ во Тирана, оценувајќи го како напредок во родовата рамноправност во земјата.

Исто така со законот за првпат се обезбедува гласање на албанската дијаспора, која ова право ќе го оствари преку пошта, откако претходно ќе се пријави за тоа.

И покрај се погласните барања на сите нивоа, малцинствата не успеаја да се изборат за гарантирани места за нив, по примерот на Хрватска, Косово и други европски земји.

Презентирајќи го барањето тие порачаа дека тоа е можност Албанија да ја покаже својата посветеност на демократските вредности и почитувањето на различностите.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата 

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес